Mobirise

Молитва и медитација

„Само еден час длабоко размислување е повредно од седумдесет години побожно обожување.“ 
Бахаула

Молитва

Бахаи содржат многу молитви од Бахаула, Баб и Абдул-Баха. Тие се однесуваат на различни аспекти од животот, а некои често се користат при разни пригоди. Верникот сам одлучува кога, каде и како ќе се моли. Единствен исклучок е дневната задолжителна молитва, која е наменето да се рецитира на одреден начин.

Молитвата претставува свесна комуникација со Бога. Спрема Бахаи учењето, таа е најмоќната сила за развојот на душата. Преку молитвата човекот ја осознава и негува неговата љубов кон Бога. Во молитвата човекот може да побара и пронајде помош во тешките моменти. Молитвата честопати ни дава јасност во однос на одлуките што треба да ги донесеме. Бог ги знае и ги разбира внатрешните длабочини на секоја душа. Тој го сака секој од нас поединечно, и знае што е подобро за нас отколку ние самите. Затоа, можеме да се свртиме кон Бога со молитва и да бараме помош од него. Бахаула нè уверува, дека секоја искрено упатена молитва е ислушана од Бога, сè додека таа е во согласност со неговата мудрост.

Според Бахаи учењата молитвата е повеќе од само читање стихови или изведување на ритуали. Она што е суштински е внатрешниот став на молителот. Абдул-Баха го опишува тоа на следниов начин:

„Мора да се стремиме да постигнеме состојба (при разговор со Бога), при што ќе се одделиме од сите материјални нешта и од луѓето и во осама ќе се обратиме до Бога. Тоа изискува доста напор од страна на човека, за да се издигне до оваа состојба, но тој треба да се труди и стреми кон тоа.“

Медитација и читање на Светите записи

Во Бахаи верата нема строго утврден начин на медитирање. Иако редовното медитирање е пракса во Бахаи верата, сепак на кој начин ќе врши медитацијата е слободен избор на секој верник.

Медитација подразбира состојба на длабоко размислување во став на посветеност како при молитва. При медитирање човек се труди мисловно и емотивно да се ослободи од светот и од самиот себе. Во тивка медитација, човек се поврзува со духовното царство.

Додека при молитвата човекот води разговор со Бога, при медитирање душата општи сама со себе. Медитацијата е способност на човековиот дух. Таа му овозможува на човекот да ги открие мистериите и добие возвишена инспирација. Медитацијата може да биде применета во различен смисол. Бахаи учењето го охрабрува особено медитирањето за темите во светите списи, сè со цел верникот подобро да ги разбере и примени.

Како „едноставен акт на богослужна медитација“, Бахаите го изговараат „Најголемото Име“ („Алах-у-Абха“) 95 пати секој ден. Ова е краток стих кој значи „Бог е Сеславен“.

Само еден час длабоко размислување е повредно од седумдесет години побожно обожување.“ – Бахаула

This web page was started with Mobirise