Mobirise

Градење на карактер

„Нека секое утро биде подобро од вечерта и секое утре побогато од вчера.“
Бахаула

Божјите Гласници секогаш давале етички принципи за водење, развој и облагородување н човековиот карактер. Основните вредности на различните религии се многу слични едни на други, иако акцентот е ставен на различни аспекти и во различно време.

И во неговите записи, Бахаула постојано го нагласува големото значење на добриот каракатер. „Нека секое утро биде подобро од предходната вечер и секое утре побогато од вчера.“ 

Градењето на карактер е процес што никогаш не завршува. Притоа помага кога секојдневно размислуваме за нашите дела. Само тој што постојано се труди постепено да ги зацврсти своите силни страни и да ги надмине слабостите, работи на својот понатамошен развој, дури и кога самиот не е свесен за тоа. Секој напор долгорочно придонесува за градење на добар карактер, независно од периодичните порази. Кога се посветуваме на развојот на една доблест, тоа веќе е доволно за иницирање на развојот на други добри карактеристики. На пример кога се стремиме кон пријателско однесување, тогаш неминовно се развиваат и сочувството и подготвеноста да се помогне.  

Во продолжение се наведени некои карактерни особини, кои особено се нагласени во Бахаи записите.

Вистинитост и доверливост

Вистинитоста и доверливоста се основа на сите доблести, на пр. за вистинска љубов и правичност. Бахаула ни вели: „Украсете го јазикот со апсолутна вистинитост“ и „главите со венци на доверливост и верност“. Овие вредности влијаат одлучувачки на сигурноста и добросостојбата на општеството. Сосем слабо може да си ја претставите промената што би настанала само при економските процеси, кога вистинитоста и доверливоста би владееле на сите нивоа.

Учтивоста

„Вистинитос и учтивост нека се вашиот украс.“

Бахаула ја сметал учтивоста за „Кралица на доблестите“.  

Оттуѓувањето и аверзијата меѓу луѓето изчезнуваат, кога кон соговорникот се однесуваме со искрена учтивост и љубов.

Љубов кон ближниот

„Причината за настанокот на целиот земски живот е љубовта ...“, вели Бахаула. Бахаи верникот се стреми да ја негува љубовта кон Бога. Оваа љубов се рефлектира во љубов кон останатите луѓе. При тоа потеклото, вероисповетта или карактерните слабости на ближниот човек не играат никаква улога. Абдул-Баха пишува: „Доколку сте во можност, распалете љубов на секоја средба и со нежност радувајте го и бодрете го секое срце. Грижете се за странецот како за некој свој; покажете им на туѓите души иста љубезност каква што им давате на вашите верни пријатели; доколу некој се судри со вас, потрудете се да се здружите со него ...“

Поништете го озборувањето

Злобното озборување, говорење за некого во негово отсуство, денес се смета за дел од секојдневниот говор. Луѓето често оформуваат негативен став дури и кон оние што не ги сретнале. Заплашување на работното место, издвојувањето од кругот на пријатели или ширењето предрасуди се последици од злобното озборување. Бахаула пишува, дека злобното озборување ја „гаси светлината во срцето“. Целта е конструктивно да се справиме со потешкотиите и изнаоѓаме решение, без притоа самите да се сметаме за подобри од некого или лошо да зборуваме за други.

Истакнување на добрите страни

„Во секое човечко суштетство треба да го гледаме само она што е вредно за пофалба. Кога на тој начин се однесуваме, тогаш може секому да му бидеме пријател. Ако го набљудуваме човека од аспект на неговите грешки, тогаш е особено тешко да се спријателиме со него.“

Бидејќи секој човек има свои слабости, неумесно е според Бахаи учењето да се занимаваме со грешките на некој друг. Бахаула нè учи, дека човекот потенцијално во себе ги носи сите Божји обележја. Љубењето на ближниот човек е навистина полесно, доколку го гледаме секогаш овој потенцијал. Лесно би можеле да го примениме ова во практичниот живот доколку ги имаме пред нас само позитивните карактеристики и гледаме над грешките на човекот. Љубовта кон Бога и неговите створенија ни помага да ги надминеме сите слабости и туѓи грешки и да го поддржиме хармоничниот соживот меѓу луѓето.

Радост

„Духовната радост е вистинската основа на човековиот живот, бидејќи животот е создаден за да ја искусиме среќата и радоста, не жалоста и тагата.“

Бахаи записите не проповедаат аскетизам, монаштво, себе-негирање, ниту самопонижување. Тие напротив охрабруваат да водиме отворен и оптимистички живот исполнет со радост, хумор и веселост.

Абдул-Баха постојано ја нагласувал во своите дописи и говори потребата да се биде среќен. Тој вели: „Посакувам да сте среќни, да сте насмеани, да зрачите и да се радувате – гледајќи ве вас и другите да се почувствуваат среќни.“

Понизност

Понизноста според Бахаи учењето е суштински предуслов за човековиот развој. Секој човек ги добил своите карактерни својства и способности од Бога и секому му треба неговата помош, за истите да може понатаму да ги развива. Затоа сите религии повикуваат на понизност пред Бога. Горделивоста го спречува човека не само да го препознае ликот на Бога туку и да го осознае суштинското значење на Светите книги. Понизниот може да ги надмине своите слабости и не се гледа себе си како стандард за другите. 

This website was started with Mobirise