Mobirise

Молитви и текстови

Мал избор на молитви и текстови од Бахаи списите 

„Сите сте плодови од едно дрво и  лисја од една гранка. Постапувајте еден спрема друг со крајна љубов и хармонија, со пријателство и другарство. (...) Толку е моќна светлината на единството, што може да ја осветли целата земја.“ 

Бахаула


„Бог, Создателот, говори: Не постои никаква разлика помеѓу Носителите на Мојата порака. Тие сите имаат една цел и таа води до иста тајна.“ 

Бахаула


„Разликите помеѓу религиите можат да се препишат на различните околности во векот, во кој настанале.“

Бахаула


„Не треба да се гордее со себеси оној којшто ја сака неговата сопствена земја, туку оној којшто го сака целиот свет. Светот е една земја, а човештвото нејзините граѓани.“ 

Бахаула


„Благосостојбата на човештвото, неговиот мир и безбедност, се недостижни сè додека неговото единство не е цврсто втемелено.“

Бахаула


„Кога велиме дека религијата и науката се неспоиви, тогаш или не сме разбрале што е вистинска наука или што е вистинска религија, бидејќи и двете се засновуваат на претпоставки и заклучоци на разумот и двете мора да ги издржат рационалните преиспитувања.“

Абдул-Баха


„Гледај на човекот како на рудник богат со скапоцени камења од непроценлива вредност. Образованието може само по себе да придонесе тој да ги открие своите богатства и да му овозможи на човештвото да се стекне со придобивки од тоа.“ 

Бахаула


„О Боже, освежи го и развесели го духот мој. Прочисти го срцето мое. Просветли ги силите мои. Ги положувам сите работи мои во раката Твоја. Ти си Водач мој и Засолниште  мое. Нема повеќе да бидам тажен и разжалостен, ќе бидам среќно и радосно суштество.  О Боже! Нема повеќе да бидам полн со вознемиреност, ниту пак ќе дозволам тешкотии да ме прогонуваат. Нема да се задржувам на непријатностите во животот. О Боже, Ти си ми пријател повеќе отколку што сум си самиот себеси. Тебе Ти се посветувам себеси, О Господи.“ 

Абдул-Баха


„Само еден час длабоко размислување е повредно од седумдесет години строга посветеност.“

Бахаула


„Навистина е човек оној којшто денес се посветува себеси на службата кон  целата човекова раса.“ 

Бахаула


„Дружете се со  следбениците на сите религии во духот на  пријателство и другарство.“ 

Бахаула


„О Ти добар Господи! Овие прекрасни  деца се рачна изработка од прстите на моќта Твоја и чудесни знаци на големината Твоја. О Боже! Штити ги овие деца, милостиво помагај им да бидат воспитани и овозможи им да му служат на светот на човештвото ...“ 

Абдул-Баха


Designed with Mobirise