Mobirise

Човековата природа

„Гледај на човекот како на рудник богат со скапоцени камења од непроценлива вредност. Образованието може само по себе да придонесе тој да ги открие своите богатства и да му овозможи на човештвото да се стекне со придобивки од тоа.“
Бахаула 

Бахаи списите објаснуваат: „Човекот е во неговата реалност духовно суштество, и само ако живее во духот негов, тој е навистина среќен. Овој духовен копнеж и перцепција ги поседуваат сите луѓе на ист начин ...“

Во сржта на овој концепт за човекот е развојот на неговите духовни квалитети. Како и основачите на религиите пред него, Бахаула учи, дека човекот е создаден според Божјиот лик. Тој потенцијално може да ги открие во себе и да ги негува сите квалитети што му се припишуваат на Бога, како што се љубовта, справедливоста и милоста. Бахаула го опишува човекот како „рудник, богат со скапоцени камења од непроценлива  вредност“. Секој човек може да ги развие своите вештини и способности, преку ускладено физичко, интелектуално и верско образование.

Двете страни на човековата природа

„Вистинското Јас“ на една личност е во контраст со неговото „пониско Јас“. Ова ниско Јас, според Бахаи учењето, излегува на виделина, кога едно лице го запоставува својот духовен развој. Тоа се состои од пориви и побуди кои поттикнуваат себичност, алчност, завист, немилосрдност и други деструктивни сили. Кога едно лице е под контрола на нискот дел од својата личност, ја заменува својата слобода во ропство: Човекот станува зависен од своите страсти.

Дали постои зло?

Човекот секако може и некогаш се однесува лошо. Омразата, предрасудите, војните и уништувањето се широко распространети. Но, дали навистина постојат „зло“, „Ѓавол“ или „пекол“? Бахаи учењата велат, дека не постои независна зла сила, не постојат злонамерни моќи како Ѓавол, ниту место каде што одат проколнатите. „Злото“ е само поим, со кој се означува недостатокот од добро, а „пекол“ е само состојба на одвоеност од Бога.

Душа, разум и тело

Според Бахаула, душата ја претставува внатрешната реалност на човекот. Тоа е она по што се разликува човекот од сите други Божји креации. Според тоа, душата останува мистерија. Таа е „... Божји знак, небесен скапоцен камен, чија мистерија ниту еден ум не може да ја разбере, колку и да е остроумен, не може да се надева дека ќе ја одгатне“.

Иако е невозможно во целост да се разбере природата на душата, некои од нејзините карактеристики се опишани во Бахаи текстовите: Душата е бесмртна. Таа продолжува да се развива и по физичката смрт. Бахаи записите објаснуваат, дека душата се развива за време на земниот живот на човекот со помош на неговото тело и разум. 

Разумот е „врската помеѓу душата и телото“. Душата се искажува преку разумот, овозможувајќи ни да размислуваме рационално, да пронаоѓаме  работи и ги разбереме процесите. Разумот му помага на човекот да го спознае Бога, неговите творби како и сопственото вистинско Јас.

За разлика од животните, човекот има слободна волја. Тој може на пр. да биде праведен или неправеден, свесно да се прејадува или да гладува со денови. Тој може да избере да бие жив или тивок. Со својата слободна волја, човекот може свесно да донесува одлуки без да биде зависен од неговите инстинкти и нагони.


https://mobirise.com best web maker