Mobirise

Бахаула – основачот
на Бахаи верата

Quote

Бахаи религијата е основана од страна Бахаула / Bahá‘u‘lláh (1817-1892). Како син на благородник, персиски државен министер, тој согласно традицијата можел да води луксузен живот со статусна световна моќ, но тој се откажал од тоа. Во 1863 Бахаула ја објавил неговата порака, дека е гласник на Бога во тоа време, како што биле Христос и Мухамед во нивно време. Поради ова тврдење и неговите напредни учења, Бахаула и неговите приврзаници биле агресивно прогонувани од секуларните и религиозните моќници. Животот, делата и страдањата на Бахаула можат да се споредат со оние на другите големи верски основачи. Отслужувањето на 40-годишната затворска казна и прогонувањето го воделе насекаде низ Персиската и Османлиската империја, сè до Ака (Ако, Исраел). И покрај прогонот од неговите непријатели, неговото влијание постојано се зголемувало.

Учењата на Бахаула денес се широко распространети. Многу луѓе ширум светот ги користат како инспиративен поттик за нивен личен и социјален развој. Бахаула вели, дека постои само еден Бог, без оглед на различните имиња што луѓето му ги даваат. Тој исто така вели, дека суштината на Бог за човекот е неодгатлива и дека Бог е Создателот на сè, кој создадал сè од љубов. 

Бахаула напишал повеќе од 15.000 документи, како и писма и книги на арапски и персиски јазик, кои се зачувани во оригинален текст. Оваа обемна литература содржи меѓу другото и молитви, мистични дела, толкувања на другите свети книги, закони и прописи, спецификации поврзани со светски политички прашања како и разни научни и етички принципи и основи за лична и општествена промена.

Бахаула го назначил неговиот син Абдул-Баха / ‘Abdu‘l-Bahá за негов наследник. Абдул-Баха ја водел младата Бахаи заедница речиси 30 години, сè до неговата смрт. Тој ги објаснил и продлабочил Бахаи учењата пишувајќи многу писма и држејќи предавања, бидејќи тој бил овластен од страна на Бахаула да ги толкува светите списи. Во својот завет Абдул-Баха ги навел насоките за понатамошните следбеници. Овие јасни одредби претставуваат едно од основните начела, со кое се задржало единството на Бахаи заедницата и покрај својата 150-годишна историја и нејзината глобална распространетост. 


Build a website with Mobirise