Mobirise

Светот како една земја

„Не треба да се гордее со себеси оној којшто ја сака неговата сопствена земја, туку оној којшто го сака целиот свет. Светот е една земја, а човештвото нејзини граѓани.“
Бахаула

Темата на „единството на луѓето“ претставува јадрото на сите Бахаи учења; самата нивна цел е да се постигне единство на човештвото. Бахаула предвидел, дека луѓето и народите ќе прераснат во една светска заедница.

Многу од неговите дела даваат објаснување како да се постигне и осигура единство, мир и општа благосостојба. И покрај тоа што сè повеќе и повеќе луѓе се согласуваат со идејата, дека човечката раса претставува едно семејство, практичната примена на оваа идеја сèуште е многу тешка. Светско единство може да се постигне само со постојан процес на постепени промени. Една од најголемите пречки за негово остварување се општо присутните предрасуди. 


Единство во разликите

Долгата историја на развојот на човештвото придонесе кон големите разлики меѓу луѓето, како физички, така и културни. Сепак, и покрај овие разлики сите луѓе потекнуваат од еден ист корен и сите му припаѓаат на човечкото семејство. Бахаи списите нагласуваат, дека на различноста треба да се гледа како големо богатство. Човештвото се споредува со градина, чија убавина во суштина зависи од разновидноста на застапените растенија и цвеќиња во различни бои, форми и мириси. Различноста на луѓето според тоа не може да биде оправдување ниту за величење на една раса, ниту за конфликти, а камо ли причина за војна, напротив, различноста е извор на радост.

Mир во светот – невозможен сон или неизбежна вистина?

Мир во светот, иако како далечен сон е често исмејувана идеја, според Бахаи учењето претставува неизбежна последица. Човештвото е едно семејство. Тоа поминало низ многу фази на развој, прво обединувајќи го семејството со племето; подоцна град - држава и конечно нација. Според Бахаи списите, човештвото денес се соочува со предизвикот за обединување на глобално ниво и мора да преземе одговорност за одржливост на овој процес: „Дали светскиот мир ќе се постигне само по незамисливо страдање, предизвикано од тврдоглавото придржување на човештвото кон застарените модели на однесување или со склучување на договор како заедничка волја на народите, тоа е избор, кој се поставува пред сите жители на планетата Земја.“

Блиската поврзаност на сите народи станува сè́ појасна и нивната меѓусебна зависност се зголемува секој ден, како што покажуваат многуте примери: глобалниот комуникациски и транспортен систем ги зближува луѓето од целиот свет; економијата нè води до големиот глобален пазар; научниците работат на меѓународно ниво; светската културна размена ги оплодува уметностите. Во исто време заканите од криминал, тероризам, напади со модерни системи на оружје, економската нерамнотежа или деградацијата на животната средина можат да се надминат само со глобална соработка.

Во 20-от век, ОН како и други организации ги поставија темелите за создавање на глобални политички институции. Бахаи верата гледа на таквите напори како животна шанса за човештвото за постигање на мир. Треба да се посветиме со цела сила кон остварување на единство.

Укинување на предрасудите

Предрасудите често се толку длабоко вкоренети, што не се ни препознаваат, ниту индивидуално ниту и во општеството. Ретко, кој е без предрасуди. Бахаи списите повикуваат на надминување на предрасудите, било тие да се од социјална, расна, верска, национална или друга позадина, и нагласуваат, дека сите луѓе се создадени „од истата прашина“ така што „никој да не се возвишува над другиот.“

This website was started with Mobirise