Mobirise

Бахаи концепт за бог

„Бог, Создателот, говори: Не постои никаква разлика помеѓу Носителите на Мојата Порака. Тие сите имаат една цел и таа води до иста тајна.“
„Разликите помеѓу религиите можат да се препишат на различните околности во векот, во кој настанале.“
Бахаула

Бахаи учењето проповеда постоење на само еден Бог. Секоја друга култура и религија само го именува различно и му препишува различни својства (како што се „Алах“, „Господ“, „Јехова“, „Семоќниот“, „Првата причина“). Бахаула учи, дека суштината на Бог не може да се опише ниту да се сфати. Бог делува на рамниште на постоење, кое човекот не може да го разбере.

Бог – Создателот

Навистина човекот не може да си ја претстави суштината на Бога, туку само да ги препознае и почувствува неговите својства. Овие својства се вметнати и се одразуваат во принципите на природата и човекот. Бахаула го споредува односот помеѓу Бог и неговата креација со сликар кој создава слика. Завршената слика го претставува во голем дел сликарот, без да го отсликува него, и сликата не може да се обидува да го разбере сликарот. Истото важи, според Бахаула, и за создавањето и Бог. Иако творбата носи многу од божествените својства во себе, таа не би можела никогаш да ја разбере Божјата суштина.

Улогата на Божјите гласници

Преку Божјите гласници, човекот наоѓа пристап до Бога, се вели во Бахаи учењата. Мојсеј, Буда, Исус, Мухамед или Бахаула припаѓаат во групата Божји гласници. Тие може да се споредат со чисто огледало, кое ја одразува светлината на Бог и ја носат неговата порака. Бахаула вели за Божјите гласници:

„Секој од нив е само одраз на Бог, од кое единствено зрачи Неговата личност, Неговата убавина, Неговата моќ и слава (...). Овие огледала вечно ќе се појавуваат едно по друго и ќе продолжат да ја одразуваат светлината на Древниот од Дните.“

Учењата, кои ги покренуваат гласниците на Бога, ќе му помогнат на човекот да ја препознае Божјата волја и неговите својства, како што се љубовта, сочувството, моќта и праведноста.

Божји религии

Единство на религиите 

Бахаула го нагласува единството на религиите. Според тоа, сите религии потекнуваат од истиот Бог, без разлика дали се работи за Јудаизмот, Хиндуизмот, Будизмот, Христијанството, Исламот или Бахаи религијата. Бахаула објаснува, дека сите верски основачи ги објавуваат истите вечни основни вистини. На пример, сите тие ги повикуваат луѓето на духовно издигнување, да бидат праведни и милостиви. Основачите на религиите никогаш не се сомневаат во божественото потекло на предходно постоечките религии; ниту имале двојба дека други религии ќе следат во иднина.

Непрекинлив ланец на религиите

Покрај вечните основни вистини секој Божји гласник објавува и нови учења. Тие одговараат на околностите, потребите и проблемите на неговото време:

„На секој Пророк, Кој Семоќниот Неспоредлив Создател одлучува да го испрати до народите на земјата, му е доверена Порака и му е наложено да се однесува на начин, на кој најдобро ќе ги исполни барањата на векот, во кој Тој ќе се појави.“ – Бахаула 

Затоа, религиите вклучуваат и различни социјални учења, на пр. за положбата на жените или на општественото уредување. Секоја религија внесува во човештвото нов импулс и го поттикнува неговиот понатамошен развој. Соодветно на тоа, учењата на Божјите гласници како Мојсеј, Исус, Мухамед или Бахаула се надградуваат едни на други. Целта на сите религии е „постојано унапредување на прогресивната цивилизација“. 

Бидејќи општеството постојано се развива, ланецот од последователни религии никогаш нема да заврши. Бахаула не тврди завршување со неговото откровение и вели дека по подолги периоди ќе се појавуваат и други идни Божји гласници.

Обновување на религијата 

Секоја религија поминува низ природни промени. Абдул-Баха ги споредува фазите на развој, изградба и падот на религијата со четирите годишни времиња. Овој циклус се повторува со секоја нова религија.

· Пролет (време на цутење): Во пролетта, религијата го разбудува човештвото и му дава нов живот.

· Лето (време на зрелост): Во летниот период, светлина и топлина на религијата изнесува обилни плодови.

· Есен (време по берба): Во есен, религијата е погодена од есенски ветрови, ја губи својата привлечност и добра воља и станува јалова.

· Зима (време на студ): Во зима, религијата се приближува кон крајот и влегува во студен период на празни ритуали, поделби и морално пропаѓање.

Два дела на религијата

1. Неменлив дел

Етика и духовност: Тие ги мотивираат луѓето да развијат квалитети како чесност, правичност, љубов кон ближниот или љубов кон Бога. Овој дел од учењата е безвременски и може да се препознае во секоја религија.

2. Променлив дел

Просторно и временски зависни закони и правила: Тие се однесуваат на потеклото и местото на раѓање на една религија и регулирање на аспекти како што се пост, брак или казни за кривични дела. Во овој дел, религиите понекогаш значително се разликуваат. Овие учења зависат од степенот на напредок на општеството и се од непостојан карактер.

Design a free web page with Mobirise