"Светот е една земја,
а човештвото нејзини граѓани."
Бахаула (Bahá'u'lláh)

Според Бахаи книгите, сите религии имаат исто божествено потекло. Намерата на верските основачи отсекогаш била да се промовира благосостојбата на поединецот и на заедницата. Тие сакале да поттикнат мир и хармонија, не да предизвикаат војна или омраза. Визијата на Бахаула за решавање на актуелните предизвици ги вклучува основните принципи за постигање на мир во светот. Тој го гледа целото човештво како еден, обединет организам.

Бахаи Религијата е основана од Бахаула (Bahá‘u‘lláh, 1817-1892). Како син на благородник, Персиски државен министер, тој согласно традицијата можел да води луксузен живот со статус на световна моќ. Но тој се откажал од тоа, за живот во служење. Во 1863 Бахаула ја објавил неговата порака, дека е Гласник на Бога за ова време, како што биле Исус и Мухамед во нивно време.   


Бахаи Религијата е млада, но веќе етаблирана светска религија, која се појавила во средината на 19-от век. Заедницата се проширила доста брзо, по Христијанството таа е на второ место по глобална географска проширеност. Бахаи заедницата претставува одраз на човековата различност. Во 2006 година, таа се состои од околу седум милиони верници во целиот свет, кои живеат во повеќе од 100.000 места и припаѓаат на повеќе од 2100 различни етнички групи. 

  


  

Повеќе информации

Доколку сакате да дознаете повеќе за Бахаи Верата и да се вклучите во активностите, само испратете ја вашата е-адреса подолу и ние ќе ви одговориме со информации и ќе ве поканиме.

Designed with Mobirise software